Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. За време на викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.