Група крадци однеле 256 ролни тоалетна хартија и околу 15.000 салфетки од Централната железничка станица во градот Либек, северна Германија, јави ДПА, повикувајќи се на полициски извори.

Контејнерите во коишто се чувале санитарните материјали биле искршени завчера утрото. Набргу потоа, вработен во железничката компанија „Дојче бан“ ја забележал необичната кражба и ги известил органите на редот, кои отпочнале истрага и трагаат по сведоци.

Во полицискиот извештај за случајот се посочува дека крадците најверојатно ги извадиле тоалетната хартија и салфетките во големи пластични ќеси за ѓубре, исто така земени од станицата.