Времето во Македонија по студеното утро ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 24 степени.

До вторник ќе се задржи претежно сончево време со студени утра и пораст на дневната температура. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд.