Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Следува период на постабилно време. Дневните температури од сабота ќе бидат значително повисоки и на повеќе места ќе надминуваат 30 степени. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи ќе има во недела.