Времето во Македонија ќе биде сончево и уште малку потопло со мала облачност.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер повремено со брзина од над 60 км/ч и ќе биде најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Ќе преовладува сончево и се потопло време со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/ч). На крајот на работната недела ветерот ќе премине од северен кон јужен и ќе има зголемување на облачноста.