Времето утре ќе биде умерено до значително облачно, со појава на магла и значителна ниска облачност по котлините претпладне и со услови за слаб дожд во западните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој во ноќните часови кон петок ќе почне да се засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, а преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Утре и в сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе ги спушти дневните температури за неколку степени и ќе ги намали условите за појава на утринска магла. В недела се очекува намалена облачност и претежно сончево време.