Синоптичарите во Македонија најавуваат нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи до крајот на денот.
Слично време се очекува и утре – сончево и многу топло претпладне и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град во попладневните часови. Минималната температура утре ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок – 9.
Во Скопје за утре се најавува слично време со услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
До средината на наредната седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со локално невреме и изолирана појава на град.