Чешкиот претседател Милош Земан ги покани новинарите на еден мистериозен состанок. Кога пристигнаа, претседателот Земан запали црвени гаќи.

Тројца мажи облечени како оџачари се искачија на врвот на претседателската палата на Чешката во септември 2015 година и го заменија националното знаме со големи црвени гаќи.

Гаќите беа дело на уметничкиот колектив Зтоховен, а замена беше направена бидејќи мислеа дека претседателот Милош Земан „не се срами од ништо”.

Три години подоцна, Земан набљудуваше како двајца пожарникари со помош на дрва за огрев палат црвени гаќи пред камерите на медиумите.

-Времето на гаќи во политиката е завршено, рече Земан и им се извини на новинарите што од нив прави „мали идиоти”.

Вие не го заслужувате тоа, им рече Земан на претставниците на медиумите.

Црвените гаќи Земан го следат неколку години. Во јануари оваа година, членовите на Зтоховен,  со маички и беџови се обидоа да ги мотивираат Чесите да протестираат против неговата кандидатура.