Најстудено утрово е во Берово -8 степени, во Битола се измерени -4, во Скопје, Демир Капија, Велес, Крива Паланка, Маврови Анови, Тетово и Штип – 3, Гевгелија, Прилеп, Куманово и Кавадарци – 2, во Охрид -1, Виница 1 и Кришево 2 степена, соошти УХМР.

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.

Во Скопје сончево време со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Како што информираат од УХМР, во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.