Сончево време ќе преовладува за време на викендот во Македонија, со услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи на планинските региони во попладневните часови.

Од недела претпладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер со што температурите повторно ќе бидат пониски за два до пет степени.

Од понеделник следува период на постабилно време со постепен пораст на температурата.