Најстудено утрово е во Маврово, каде се измерени -9 степени целзиусови, а таму има и највисока снежна покривка од 41 сантиметар.
Снежна покривка од 33 сантиметри има во Пожаране, 29 во Тополчани, 27 во Прилеп, 25 во Лазарополе, 19 во Битола, 16 во Крушево, 15 во Берово и Дебар, 14 во Охрид, 9 во Ѓуриште, 8 во Крива Паланка и Виница, 7 во Претор и 5 во Тетово.
По Маврово утрово најстудено било и во Крушево и Лазарополе со -8 степени. Во Скопје се измерени минус два степена.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер, на места над 60 км/час. Претпладне се уште ќе има локални врнежи од снег со послаб интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне ќе има услови за провејување снег. Максималната температура ќе достигне до 2 степена.