Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен и јужен правец ќе преовладува утре и во вторник.
Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), преодно стабилизирање ќе има в среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде
на повеќе места.
Утринските температури ќе се движат од шест до 15 степени, а дневните од 16 до 31 степен.