Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на Република Македонија.
Тој на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.
Неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова освои 377.713 гласови или 44,73 отсто. Вкупно на гласање вчера излегоа 844.365 граѓани од вкупно запишаните 1.808.131 граѓани.
Одзивот беше 46,7 отсто. Неважечки ливчиња се 30.442, односно 3,61 отсто.
Пендаровски на првиот круг пред две недели имаше 322.581 глас, а Силјановска Давкова 318.341 глас. Во вториот круг од изборите што се одржа вчера, со гласовите од ДУИ, како и гласовите на Албанците кои во првиот круг беа за Блерим Река одлучија Пендаровски да биде победник.
Тогаш на гласање излегоа 753.520 избирачи или 41,67 отсто од вкупниот електорат.
Пендаровски ќе биде петтиот претседател на Републиката. Оваа фукција пред него ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и во изминатите десет години во два последователни мандата Ѓорге Иванов, од кого Пендаровски ќе ја преземе должноста.