Се враќаме дома од првото наше ЕП во фудбал, иако имаме некакви теоретски шанси кои се во доменот на фантастиката. Македонија штотуку загуби од Украина со 2:1, откако одигра извонредно второ полувреме, по колапсот во првиот дел кога примивме два гола, а не упативме ниту еден удар кон голот на Украина.
Во вториот дел тргнавме на се или ништо. Имавме шанси, а во 57 минута по фаулот врз Пандев, судијата досуди пенал за нас. Алиоски шутираше, украинскиот голман одбрани, во топката повторно дојде до Алиоски и намаливме на 2:1.
Следеше офанзива на нашитата репрезентација, но за жал, без многу успех. Во 80-та минута, по прегледување на снимката судијата досуди пенал за Украина, но Столе Димитревски го одбрани и не остави во игра. Сепак, немаше доволно време, и покрај обидите не успеавме да создадеме поволна шанса. Трајковски во 94-та минута упати вистинска „бомба“ санитиметри недостигаа но топката заврши покрај голот. Со тоа го доживеавме вториот пораз на ова првенство, иако денеска игравме мошне добро, што не остава на последното место без бодови.
Ни останува натпреварот со Холандија, но дури и со победа, нема да стигнеме до третото место од кое четири екипи ќе одат во натамошниот дел.