Претседателот на Србија Александар Вучиќ побарал од српската Влада да овозможи бесплатна вакцинација за граѓаните од Македонија, објави Блиц.
Македонците ќе можат да примат некоја од четирите вакцини на „Фајзер“, „Синофарм“, „Астра-Зенека“ и „Спутник В“.
Исто така и граѓаните на Босна и Херцеговина од денеска можат да се вакцинираат било каде на територија на Србија, откако Вучиќ вчера изјави дека има доволно за сите граѓани во Србија.