Големото изненадување што вчера го најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е Имер Селмани за градоначалник на Скопје, објавуваат повеќе медиуми на албански јазик.

Како што објавуваат повеќе медиуми, поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, Имер Селмани, би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје на следните локални избори.

Селмани во последниот период во своите гостувања во медиумите ги поддржува ставовите и политиките на премиерот Зоран Заев, а претходно беше дел од изборната кампања на претседателот Стево Пендаровски.

Изненадувањето кое што го најави Ахмети, за во сабота, е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје. Заев рече дека знае кое е изненадувањето дека  тоа „ќе биде добро за државата“, но вчера не сакаше да открие поточно за што станува збор.

Селмани, кој беше и претседателски кандидат пред неколку циклуси, освои голем број македонски гласови.