Според српскиот претседател, Александар Вучиќ, Бугарија не е сама во блокадата на Македонија.
Верува дека има и други кои се кријат зад тој став. Вучиќ додаде дека секогаш е лесно да се најде земја која ќе каже овој пат не сакам.
„Еднаш ќе каже овој пат не сакам затоа што не ми се допаѓа политиката кон исчезнатите лица, друг пат не ми се допаѓа политиката во однос на Гоце Делчев… Така што, јас сум многу долго во политиката за да веруваме дека секогаш е во прашање една земја или еден од нашите соседи. Јас знам како функционира сето тоа. Сите имаат телефони, па ќе свртат на телефон, брзо се завршуваат такви работи. А ова сега, како не можат да ги убедат, не знам што би рекол“, кажа Вучиќ.
Инаку, претходно, бугарскиот дипломат Милен Керемедчиев изјави дека одвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ би требало да открие и други кочничари кои не ги сакаат овие две држави во европското семејство.
Бугарија ја блокираше Македонија и не дозволи старт на преговори со Европската Унија. Претходно, Франција не дозволи почеток на преговори, но и Холандија беше резервирана во однос на