Не постојат уплати на сметката на СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе ниту од Никола Груевски, ниту од било кое друго физичко или правно лице од Македонија утврди стручниот наод, мислењето на техничкиот советник – вешто лице врз основ на материјалите за вештачење добиени по поднесена Замолница за меѓународна правна помош од Р.Кипар од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Ова стручно мислење беше изведено како доказ на барање на одбраната на Ненад Јосифовиќ, а истото денес, на главната расправа за време на сослушувањето на вештото лице беше и образложено, пренесуваат повеќе медиуми.

Детално беа објаснети сите трансакции, уплати и исплати на сметката на СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе, во периодот од 26.07.2012 година до 31.12.2012 година како и датумите, износите и правниот основ на секоја уплата и исплата поединечно.

Во анализата на сите трансакции утврдено е дека постојат уплати на сметката на СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе од повеќе правни субјекти во дадениот период, но ниту една од тие уплати не е од правно лице од Република Македонија.

Исто така, во уплатите во анализираниот период од страна на вештото лице не е констатирана ниту една уплата од конкретното физичко лице Никола Груевски, ниту уплата кон СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе од било кое друго физичко од Македонија.

Од страна на вештото лице во анализираниот период утврдена е регуларна исплата од СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе кон Сирах Инженеринг ДООЕЛ Скопје. За оваа исплата вештото лице појасни дека во меѓународните плаќања во прилог на налогот за плаќање секогаш се доставува документ за основот врз кој се вршу уплатата или исплатата. Тоа е меѓународно правило кое важи и за банките во Р. Македонија за што постои и упатство за вршење на платен промет со странство кое е донесено од страна на Народната Банка на РМ.

Вештото лице на прашање на бранителот појасни дека меѓународниот платен промет се одвива под строги пропишани правила мониторирани од светски банкарски и финаниски институции. Меѓународните плаќања се вршат преку корсподентски банки од земја членка на ЕУ со дозвола од Европската Централна Банка. Таа корсподентска банка е гарант на платниот промет. Улогата на коресподентски банки е да вршат меѓубанкарско порамнување во платиот промет и контрола над трансакциите од формален аспект и од аспект на законското потекло на парите, односно од аспект на спречување на перење на пари.

Според стручниот наод на вештото лице во конкретниот случај сите трансакции се поминати како редовни транскации, без дополнителни прашања, проверки или побарани анализи за потеклото на парите од страна на корсподентските банки, што значи дека трансакциите не биле сомнителни, односно потекнувале од законски извори.

Извршената уплата која е утврдена, односно приливот од страна на СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе кон Сирах Инженеринг ДООЕЛ Скопје e по основ на уплата на основачки влог, односно зголемување на основачки влог. Истото, согласно регуларна законска процедура, како прилив е евидентирано и во Централниот регистар на РСМ, во Регистарот на директни инвестиции на нерезиденти во РСМ и за дадениот износ е направено соодветно зголемување на капиталот на друштвото во тековната состојба.

Исто така за наведените приливи постои пријава и до Народната банка на РСМ како вложување од странство, согласно законска регулатива.

Според извештаите, резултатите на стручниот наод, мислењето на вештото лице кои денеска се презентираа во судницата како доказ ја збуниле обвинителката, Лиле Стефанова, која, според истите, денеска поставувала дезиориентирани прашања кон вештото лице. Инаку, обвинителката Стефанова која го покрена овој случај, воопшто нема побарано финансиско вештачење што би било нормално кога има осомничени кои се обвинети за перење пари.