Ситуацијата во Европа и светот станува се потешка поради конфликтот во Украина и затоа српското раководство ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди нормален живот на граѓаните на нашата земја, изјави во видео обраќањето српскиот претседател Александар Вучиќ преку Инстаграм профилот, јави дописниот на МИА од Белград.
Верувам дека заеднички и обединето ќе успееме да ги надминеме сите политички предизвици, кажа претседателот Вучиќ.
-Економските предизвици стануваат се потешки и поголеми. Затоа реагираме на највисоките цени во историјата, и на јаглен и струја и гас и сите суровини. Но, драстично растат и цените на основните прехранбени производи. Затоа е важно да преземеме мерки, а за сите мерки ќе ве информираме во најбрз можен рок, вечерва или утре. Важно е да реагираме без паника, бидејќи убеден сум дека ќе ја зачуваме стабилноста и мирот и добриот живот за нашите граѓани, кажа претседателот на Србија во своето обраќање.