Француските десничарски претседателски кандидати Марин Ле Пен и Ерик Земур ги собраа неопходните 500 потписи (кои во Франција ги нарекуваат спонзорства) потребни за учество на изборите во април, јавија денеска локалните медиуми.

Спонзорствата се потписи за поддршка на избраниот кандидат од пратеници, советници и други функционери избрани на парламентарните и локалните избори. Според некои анкети, рејтингот на Ле Пен и Земур е значително зад оној на актуелниот претседател Емануел Макрон.

Според францускиот Уставен совет, Земур добил 620 потписи или спонзорства, а Марин Ле Пен 503, објави Ле Монд во Париз. Кандидатите имаат рок до 4 март да ги соберат потребните 500 потписи или спонзорства за поднесување кандидатура.

Тој се смета за фаворит на претседателските избори, иако се уште официјално не ја поднел својата кандидатура. Според најновото истражување, се очекува Макрон да освои 25 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, кој е закажан за 10 април. Ле Пен може да освои 17 отсто, а Земур 14 отсто.