Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја коментираше изјавата на американскиот амбасадор во Србија, Ентони Годфри, кој рече дека Твитер е приватна компанија на прашањето за етикетирањето на српските медиуми од оваа социјална мрежа, но се пожали на српски Телеграф, кој исто така е приватен медиум, пренесува скопски Вечер.

– Го почитувам амбасадорот Годфри, делумно се согласувам со него, делумно не се согласувам. Имено, на прашањето како гледа на етикетирањето на домашните медиуми од страна на американската компанија Твитер, тој рече дека се работи за приватна компанија. Навистина? Па, зошто тогаш се жалевте дека пишувате во приватен медиум? Па, зошто подоцна упативте обвинувања против цела Србија, повикувајќи се на приватните медиуми – српски Телеграф? Како е Твитер во право затоа што е приватен медиум, а српскиот Телеграф не? – праша Вучиќ и додаде дека многу го почитува американскиот амбасадор.

– Извинете, господине американски амбасадор, што имам доволно храброст да ги забележам овие нелогичности – рече Вучиќ и додаде дека смета дека Годфри е добар амбасадор.