Европската унија никогаш не и пружила толкава поддршка на Србија како на Украина, изјави претседателот Александар Вучиќ за Фајненшл тајмс.

– Немам ништо против Украинците. Но, нивото на поддршка од ЕУ за Украина, доделувањето на кандидатски статус за членство во ЕУ во рок од една година од датумот на поднесување на апликацијата и евентуалниот почеток на преговорите за членство следната година ни покажуваат дека таква политичка поддршка никогаш не постоела за нас, изјави Вучиќ.

Британскиот весник посочува дека Киев аплицирал за членство во февруари 2022 година, неколку дена по почетокот на конфликтот во Украина, а само четири месеци подоцна добил кандидатски статус. Спротивно на тоа, Белград чека повеќе од четири години за да ги започне преговорите за членство.

Поради тоа, весникот наведува дека некои лидери на Западен Балкан се фрустрирани што Украина ги претекнува нивните земји во влезот во ЕУ.