Српските медиуми анализираат дека не е случајно тоа што вчерашниот упад на опозицијата во РТС се случил на годишнина на погромот на Србите на Косово на 1 март 2004 година.

Српскиот претседател Вучиќ во своето обраќање истакнал дека упадот е недозволив, дека лицето кое влегло со моторна пила е идентификувано:

„На насиството му дојде крајот. Државата нема да дозволи да загрозувате било кого“, рекол Вучиќ.

Лидерите на опозицијата кои учествуваа во вчерашниот упад ги нарече „фашисти“ и „тајкуни“, пренесува РТС.

Што се однесува до парламентарните избори тој додал дека тие не се подалеку денеска отколку што биле вчера.