Денеска е свеченото отворање на источниот крак од Коридорот 10 во Србија. На отворањето присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Бугарија Бојко Борисов, кои со вино наздравија за новиот автопат кој ќе ги поврзи двете земји.
По 14 часот, патниците ќе може да го користат новиот автопат со должина од 86,9 километри, преку кој од Ниш до граничниот премин Градина со Бугарија ќе се стига за околу 50 минути.