Неексплодирана авионска бомба од Втората светска војна, тешка еден тон, денеска е откриена при градежни работи на автопат во Црна Гора, објавија црногорските медиуми.

Припадници на единицата за вонредни ситуации ја отстраниле експлозивната направа и таа ќе биде деактивирана. Бомбата имала два детнатора.

Движењето на сообраќајот било еден и пол час во прекин поради поголема безбедност при транспортот на бомбата.