Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се пофали со економските мерки ги доведуваат до раст на просечната плата кај северниот сосед.
-Денешната просечна плата изнесува околу 424 евра. Ако ја споредите со 2002 година, кога просечната плата во Хрватска изнесуваше околу 700 евра, а во Србија само 146, драстично ја намаливме разликата. Наскоро просечната плата во Србија ќе изнесува околу 465 евра. Ние ја намалуваме разликата на другите земји во регионот не само во пропорција, туку и во апсолутни бројки. Ги надминавме Бугарија, Босна и Херцеговина, а зад нас се Албанија и Македонија. Ќе видиме дека ќе ги надминеме и другите, следуваат Романија и Унгарија, изјави Вучиќ.
Просечната нето плата во Македонија е 398 евра.