Како можеме да воведеме санкции кон Русија, кога таа не го нарушила територијалниот интегритет на Србија, а ние не воведуваме санкции за земји како Словенија, САД, Германија, Франција и други кои го нарушиле територијалниот интегритет на Србија, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето обраќање до јавноста по средбата со претседателот на Словенија на Борут Пахор.
Словенечките новинари го прашаа Вучиќ на заедничката конференција со Пахор кога Србија ќе ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ и ќе воведе санкции кон Русија поради кризата во Украина.
– Видете, бев сигурен дека словенечките медиуми ќе ги интересира нешто за нашите односи, но ми е интересно како сите сакаат Србија по секоја цена да се приклучи на санкциите. Србија има обврска да се приклучи на европската надворешна политика непосредно пред членството во ЕУ. И не гледам дека некој не известил дека влегуваме во ЕУ. Како да му објаснам на нашиот народ дека воведуваме санкции против Русија, а не против Словенија, рече Вучиќ.