Вчера на една земја од регионот и дадовме мала количина на електрична енергија, имавме повеќе струја, добра хидрологија, добра акумулација, во изминатиот период имавме доволно струја и продадовме, не е важна одредената количина на електрична енергија. Ја продадовме по цена од 499 евра по мегават, а нас по мегават на час не чинело 52 евра, што значи десеткратно поскапо ја продадовме, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ понатаму вели дека Македонија, Црна Гора, Албанија на дневно ниво купуваат по 350, 380, 400 евра.

-На пазарот нема струја, луѓето мора да имаат струја, мораат да купуваат десеткратно поскапа. Во регионот Македонија, Црна Гора, Албанија на дневно ниво купуваат по 350, 380, 400 евра, на дневно ниво купуваат 50-60% од потребите, рече Вучиќ.