Со чадот на три милиони тони јаглен увезен од Косово, во Македонија ќе се оствари „зелената агенда” на ДУИ.

Вака гласи денешниот ироничен коментар на поранешниот министер и економски аналитичар, Џевдет Хајредини, за увозот на јаглен од Косово за празните депоа на македонските термоелектрани.

– Според некои министри, во Македонија и цените растат во интерес на граѓаните, додава Хајредини.

На прагот сме од зимата, ако веќе не е стигната со денешниот снег и студот во Македонија, власта увезува скапа струја и допрва планира да увезе јаглен и да ја активира „ладната резерва“ ТЕЦ Неготино која се уште нема доволно мазут.

Во меѓувреме српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека на „една соседна земја“ и продава струја по 499 евра која Србија ја чини само 52 евра.