Конфликтот во Украина всушност веќе се претвори во светска војна, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на гостувањето во ТВ Пинк, и потенцира дека Западот се бори против Русија преку своите сојузници во Киев.
-Мораме да разбереме дека сме среде светска војна, бидејќи веќе нема смисла овој конфликт да се нарекува регионален. Имено, цел Запад се бори против Русија преку Украинците. Ова е глобален конфликт, изјави Вучиќ.
Според Вучиќ, оваа војна ќе стане уште полоша, а нејзиниот одглас може да се почувствува и на Балканот. Претседателот на Србија посочува дека „ќе направи сѐ за да го зачува мирот“.
Вучиќ смета дека Русија наскоро ќе истапи пред Западот со „некој предлог“, особено во контекст на напредувањето на руските сили во Донбас.
-Знам што нѐ чека. Штом Путин ќе си ја заврши работата во Северск, Бакмут и Соледар, па ќе дојде до линијата Славјанск-Краматорск-Авдивка, ќе излезе со предлог. И ако Западот не го прифати, а нема го прифати, ќе настане пекол, рече Вучиќ.