Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста по средбата со претставници на Србите од Косово и Метохија во врска со тензичната ситуација и преговорите што се водеа на оваа тема во Брисел.

Вучиќ истакана дека Србија нема да дозволи нови колони со бегалци од северот на Косово и дека државата спремна да интервенира.

Претседателот Вучиќ денеска во обраќањето пред граѓаните истакна дека од 1999 година на Косово се врши перманентен терор врз српското население.

– Уште од 1999 година, кога со Кумановскиот договор и Резолуцијата 1244 на ОН беа протерани безбедносните сили на Србија и СРЈ од Република Косово, се врши постојан терор врз српското население. Ова резултираше со прогон на повеќе од 210.000 луѓе, чии станови и куќи беа украдени, многумина беа убиени, нашите светилишта беа уништени – рече тој.

Вучиќ посочи дека и денес е на сила Резолуцијата 1244, која никој не ја укинува, ниту може да ја укине бидејќи е документ на ОН.

Српскиот претседател открива дека на Косово во моментов се наоѓаат чеченски и черкески државјани кои се јавни противници на режимот на Рамзан Кадиров во Русија. Тој потенцира дека неговите разузнавачки информации велат дека тие се распрашувале за безбедносната состојба на Косово.

Видеото од обраќањето на Вучиќ (почнува од 15 минута)  може да го отворите ТУКА.