Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева на компромисно решение во преговорите со Приштина во наредните денови, но дека за регистарските таблички и за некои крупни прашања такво решение воопшто не може да се постигне, jави Бета.
– Ќе ги продолжиме разговорите и верувам дека во деновите што следуваат ќе успееме да постигнеме компромисно решение, барем за мал дел, бидејќи е јасно дека такво решение воопшто не може да се постигне во однос на таблиците и некои поголеми прашања, објави синоќа Вучиќ преку својот Инстаграм профил.
По неуспешните преговори во Брисел, специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, ги посетија Приштина и Белград во обид да постигнат договор до 1 септември меѓу Белград и Приштина за регистерските таблички и влезно-излезни документи.