Срдечен разговор со претседателката Гордана Силјановска Давкова за најважните прашања од нашите билатерални, а особено економски односи, како и местото на Србија и С. Македонија на агендата за проширување на Европската Унија и меѓусебна поддршка на патот кон ЕУ, објави српскиот претседател Александар Вучиќ, за телефонскиот разговор со Сиљановска Давкова.
Српскиот претседател во објавата на неговиот профил на Фејсбук, за телефонскиот разговор со претседателка на Република Македонија вели:
– Претседателката на С. Македонија и се заблагодари на Србија за помошта во гаснењето пожари, а јас истакнав дека важноста на регионалната соработка е тоа што можеме да си помогнеме едни на други најдобро и најбрзо. Се договоривме заедно да го посетиме манастирот Прохор Пчињски на Илиндан, што ќе биде и одлична можност за дополнително зајакнување на врските меѓу нашите два народа. Ја искористив можноста да ја поканам мојата драга колешка да ја посети Србија со цел да ги конкретизираме некои од плановите кои ќе ја подигнат нашата соработка на повисоко ниво.