Сите сакаат да обезбедат храна за населението, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој изјави дека српската Влада донела одлука за извоз на земјоделски производи, откако во понеделникот имале огромна побарувачка од 200.000 тони. Вучиќ додаде дека регионот има потреба за житарици и дека имало големо зголемување на цените.

– Сите сакаат да обезбедат храна за населението. Затоа донесовме мерка за забрана на извозот, а Владата може да дозволи извоз ако процениме дека сме безбедни. Ние да имаме а луѓето во Скопје или Подгорица да немаат, тоа нема смисла, вели Вучиќ.

Тој рече дека за три дена извозот на маслото за јадење скокнал за 109 отсто.