Вчерашниот театар кој го одржаа ЈО на Македонија Љубомир Јовевски и Вилма Рускоска, фраерот од „тероризмот“ за „ 27 април“, кога беа изречени 211 години затворски казни, се надополнува со сликата за третиот обвинител пристен на пресот, односно обвинителка. Тоа е онаа госпоѓа со сина коса, десно од Јовевски.

Станува збор за Лиљана Спасоска, обвинителка која на седницата пред Врховниот суд побара укинување на пресудите за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро по што случајот премина во рацете на СЈО, кај Фатиме Фетаи, за сега со тој случај да си играат мајтап. Па сега, сами проценете колку оваа тројка навистина е за правна држава. Значи го имате шефот на чело, лево од него е Рускоска од „27 април“ и десно Спасоска од „Смиљковско“.

Еве што впрочем извести Радио Слободна Европа (извештаите се речиси идентични кај сите медиуми) за настанот кога Спасоска го застапуваше ЈО пред Врховниот суд за „МОнструм“:

„Обвинителство и одбраната во случајот „Монструм“ побараа укинување на пресудата на јавната седница во Врховниот суд. Пресвртот во овој случај доаѓа откако обвинителката по излагањето на одбраната истакна дека Врховниот суд треба да ги прифати жалбите на одбраната за пресудата, поради неутврдена фактичка состојба во предметот.

Осудените за петкратното убиство кај Смилковско Езеро кое се случи пред повеќе од 5 години, денеска бараа од Врховниот суд да ја укине пресудата на Основниот суд Скопје 1, според која, ќе треба доживотно да останат во затвор. На ова барање се приклучи и јавната обвинителка во овој предмет Лилјана Спасоска, која е и актуелен в.д. шеф на државното јавно обвинителство, на местото на разрешениот Марко Зврлевски. Таа побара укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот на повторно судење. Барањето на јавниот обвинител е поради неутврдена фактичка состојба, но и поради евентуално постоење на прислушувани разговори кои би можеле да го сменат текот на постапката.

Таа во излагањето истакна дека отсуството на сознанија од прислушуваните материјали, кои не ги добиле од СЈО, оневозможува правична и правилна оценка на доказите. На денешната јавна седница во Врховниот суд, за случајот познат во јавноста како Монструм, каде се разгледуваат жалбите за пресудата, одбраната на осудените обвини дека станува збор за монтиран случај.

Одбраната смета дека е нелогично за лица за кои како што тврди нема директни докази дека извршиле некакви дејствија да се осудат за соизвршителство. Адвокатите на осудените на почетокот на нивното излагање пред судиите посочија дека обвинетите ја негираат вината и оти бараат укинување на пресудата.“