Белград е најактуелен кај младите за дочек на Нова година, а од понудите со вклучен авионски билет најбарани се оние за Париз и Рим, додека од аранжманите со автобуски превоз најпродавани се оние за Истанбул и Италија.

Агенциите што ги контактираше МИА велат дека и покрај покачувањето на цените на понудите за патување во однос на лани, од околу 10 отсто, сепак има голема заинтересираност.

Според извештајот на Опсерваторијата за нееднаквости, независно тело, кога едно лице има месечна нето заработувачка од 3.470 евра со платени даноци и социјални придобивки, односно двапати пов

Од пакет – ангажманите со автобуски превоз најголема заинтересираност има за Истанбул, како и за понудите за Италија, а продавани се и аранжманите за градовите каде што се актуелни Божиќните маркети, како што се Букурешт, Виена и Будимпешта.

Будимпешта

Новогодишните ангажмани, како што посочуваат туристичките агенции во изјава за МИА, не го вклучуваат дочекот на Новата година во цената, односно тој се доплаќа и е различен во однос на дестинацијата.

Агенциите најчесто нудат дочек на Нова година на плоштадите во големите градови, додека пак за Белград и за Истанбул имаат понуди за забави, а за Истанбул има и понуда за дочек на брод со вклучени храна и пијалоци.

Истанбул

Оние што планираат да останат во земјава, имаат можност за дневни забави кои се поактуелни, додека за дочекот на Нова година во рестораните и кафулиња, во зависност од понудата, цените по лице се движат од 2.000 денари нагоре, а има и такви чии понуди се повисоки и од 6.000 денари. сан/бак/