Русија ќе прифаќа само рубљи при плаќањето за природниот гас кој го извезуваат во непријателските држави, најави претседателот Владимир Путин на состанок со Владата, известува РТ.
Рускиот претседател им даде рок на Централната банка и на Владата една недела да ја да ја утврдат процедурата за операции за купување рубли на домашниот пазар за увозниците.
Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас согласно со цените и принципите претходно договорени. Само се променува валутата во која треба да биде извршено плаќањето.
Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите компромитирани валути во плаќањата. Тој додаде дека нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.
И Македонија е на овој список откако и воведе санкции на Русија, солидаризирајќи се со членките на ЕУ и сојузниците во НАТО.
(М.П.)