Во Франција во 2017 годиина имало еден милион помалку пушачи во однос на 2016 година и тоа се должи пред се на повисокиот данок на тутун, соопшти денеска Министерството за здравство.
Извештајот се повикува на истражување кое што опфатило граѓани на возраст меѓу 18 и 75 години.
3а 2017 година, 31,9 отсто од испитаниците тврдат дека пушат повремено, а 26,9 отсто дека пушат цигари секојдневно. Овие бројки се за 3,2 и 3,5 отсто пониски отколку во 2016 година, се наведува во соопштението. Тоа значи пад на бројот на пушачите за еден милион за една година.
Во документот се нагласува и дека тутунот убива околу 200 лица дневно или 73.000 лица годишно.