Дека стресот ги убива нервните клетки и влијае негативно на сите органи во човечкото тело, тоа е познато. Но, како да се знае кога настапил денот „Д“ кога организмот ќе капитулира под напливот на негативните емоции?

Д-р Томас Холмс од Медицинскиот колеџ при Вашингтонскиот универзитет, разработил метод кој овозможува објективно да се измери количеството на стрес и другите емоционални моменти во животот на човекот.

Тој составил табел со поени кои ги носи одреден настан од животот, а кој ви предизвикува стрес. Доколку за половина година соберете 300 поени, голема е веројатноста да се разболете од некоја опасна болест или дури да ви се случи и полошо.

Еве ја табелата со поени за секој од настаните во животот:

Смрт нa сопругата или сопругот – 100

Развод 73

Разделба со партнер – 65

Затвор – 63

Смрт на близок роднина 63

Болест или несреќен случај – 53

Склучување на брак – 50

Отказ од работа – 47

Пензионирање – 45

Влошување на здравјето на член на семејството – 44

Бременост – 40