На социјалните мрежи, Петре Шилегов објави статус кој претставува жесток напад упатен кон поранешниот генерален секретар на партијата, Миле Зечевиќ.
Шилегов го обвинува Зечевиќ дека Илинден оваа година го славел во грчкото одморалиште Паљури, алудирајќи на неговото ланско учество на Илинден кога дојде на Мечкин Камен со коњ.
Завршувајќи со зборовите “ех моја СДСМ,” Шилегов зборува за ниското ниво на кое паднала оваа партија. Оваа најнова кавга уште еднаш ја открива длабоката поделба и раздорот во СДСМ, покажувајќи дека внатрешните конфликти не стивнуваат дури и на национални празници.
На последните избори СДСМ освои едвај 180.000 гласови и едвај 18 пратеници, што претставува историски најлош резултат. На тие избори Зечевиќ беше генерален секретар на партијата.
Според наши информации, советник на Шилегов во Град Скопје, кој беше главен советник на кампањата на градоначалникот, Никола Спасов, син на амбасадорот професор Ѓорѓи Спасов, е сега советник на Филипче по налог на Зоран Заев.
Односите помеѓу челниците во СДСМ никогаш не биле посложени и позатегнати, зад што познавачите велат стои бескурпулозна и панична борба заради страв од правна одговорност, заради високата корупција во редовите на таа партија.