Премиерот Димитар Ковачевски по повод Денот на Републиката, на националниот празник Илинден, на 2 август ќе одржи говор на Мечкин Камен.

„На Денот на Републиката, Илинден, претседателот на Владата на РС Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченоста која ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево“, потврди Владата.

Свечената програма во организација на Владата започнува во 11:30 часот со положување на цвеќе на Мечкин Камен во Крушево.

Според досегашната практика, претседателот на државата, премиерот и собранискиот спикер ротираат на прославата на Илинден: во Крушево, Скопје и во Пелинце. Се уште немаме официјални информации каде ќе држат говори Стево Црвенковски и Талат Џафери.