Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека повторно излегло на виделина целото лицемерие на власта на ДУИ и СДС.
-Кога во прашање се бизнис интересите и криминалот на ДУИ министрите во владата безпреговорно гласаат и даваат поддршка, за потоа пред граѓаните да лажат дека се против и протестираат против своите одлуки.
Додека глумат душегрижници и се појавуваат на протестот за рудниците во струмичко, истите кренале рака и ја изгласале споената концесија за рудниците во струмичко, предложена од министерот за економија, Крешник Бектеши, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека доколку е точна изјавата на дел од министрите во владата дека биле изманипулирани и не знаеле точно за што гласаат, Димитар Ковачевски треба веднаш да го разреши министерот за економија. Секако доколку смее да му се протистави на Али Ахмети и ДУИ.
-Ковачевски ако не го разреши Бектеши заради овој скандал со кои следува уништување на струмичкиот регион, редно е оние министри кои биле изманипулирани да си поднесат оставка и да престанат да му слугуваат на ДУИ и Али Ахмети.
Граѓаните од Струмица, Ново Село, Василево јасно го истакнаа својот став за доделената концесија за изградба на рудник во Иловица на фирми блиски од ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на народот. Се ближи денот кога оваа најнеспособна и криминална власт предводена од ДУИ и СДС ќе доживеат катастрофален пораз, токму од граѓаните заради нивните криминалии, концесии за нивни фирми, како и катострофални политики на штета на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.