Во првите три месеци од 2022 година затворени се 3.920 фирми во Македонија, покажуваат податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк.
Ако по првиот квартал се познава годината, лошо и се пишува на македонската економија во остатокот од годинава и ако се земе предвид дека лани во текот на целата година биле затворени 6.995 фирми.
Годинава за три месеци се згаснати компании колку што згаснале за 7 месеци лани, покажува анализата на економскиот портал Пари.
Податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк откриваат и во кои дејности имало најмногу затворање на фирми. Според податоците, секоја трета затворена сметка е од фирма од областа од трговијата, тренд кој се задржа и од претходната година.
Во продолжение графики на топ 5 дејности и градови во кои се затворени најмногу фирми.