Милијардерот Елон Маск изјави дека економијата на САД е најверојатно во рецесија која може да потрае од 12 до 18 месеци. Рецесијата, како што вели тој, не значи секогаш дека е штетна појава.

– Овие економски појави поминуваат и најчесто по нив доаѓа време на економски бум. Веројатно ќе биде тешко да се поминат овие времиња кои можно е да траат отприлика 18 месеци, рече Елон Маск на Ол-Ин самитот во Мајами.

– Кога има економски бум што трае предолго најчесто се случува лошо распоредување на капиталот – почнува да „им врне пари“ на луѓе кои се будали, дополни Маск.

Милијардерот исто така ја обвини Владата дека испечатила огромно количество на долари, притоа користејќи го жаргонскиот израз „зилион долари“, што означува неизбројливо многу пари.

– Очигледната причина за инфлацијата е тоа што Владата испечати неизбројливо многу долари, повеќе од тоа што таа реално поседува, рече Маск.

– Оваа администрација изгледа дека не заврши многу корисна работа. Администрацијата на Трамп, тргајќи го него настрана, имаше премногу луѓе кои беа ефективни во работењето и водеа многу корисни политики за државата, изјави милијардерот Елон Маск.