Германската канцеларка Ангела Меркел жестоко ја нападна одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се откаже од заедничката изјава на Г-7. Таа, исто така, рече дека Европа нема да дозволи повторно да биде “прејдена”.
Меркел ја опиша одлуката на Трамп да ја повлече својата согласност за заедничкото соопштение по самитот на Г-7 во Канада, како „отрезнувачко искуство”. Таа, исто така, го пофали заедничкото соопштение како документ кој е „макотрпно преговаран”. “Повлекувањето преку Твитер е, се разбира, отрезнувачко и малку депресивно”, изјави таа за во ТВ интервјуто со Ана Вил, во неделата вечер.
„Не мислам дека воспалителниот јазик ги прави работите подобри. Понекогаш се чини дека американскиот претседател смета дека само една страна победува и сите други губат “, рече Меркел, очигледно зборувајќи за вербалните напади на Трамп против канадскиот премиер Џастин Трудо.
Таа, исто така, го пофали Трудо, велејќи дека е радосна што „е на страната на ЕУ”.
Европа нема да дозволи Трамп да “стори сé што сака”, рече германскиот канцелар, додавајќи дека “нема да дозволиме да бидеме измамени повторно и повторно”. Таа, исто така, се сомнева дали американскиот лидер сè уште го има она што го нарекува „духот на Г7“.
„Го прашавме за тоа”, изјави таа, додавајќи дека неговите одговори „не звучеа убедливо”. Таа, исто така, го опиша нејзиниот впечаток од однесувањето на Трамп на самитот како „разочарување”.