Српскиот портал „Курир.рс“ објави дел од хонорарите на балканските ѕвезди кои ќе пеат за новогодишната ноќ, а тие се движат од 30.000 до 100.000 евра.
Најмногу ќе добијат Здравко Чолиќ и Дино Мерлин.
Чолиќ за 100 илјадарки ќе пее во Будва, а Дино Мерлин на плоштадот Македонија во Скопје за 100.000 евра ќе ги забавува градоначалникот Петре Шилегов и скопјани.
Организатор на настапот на Мерлин е град Скопје, а Шилегов се пофали дека бил упорен да го натера Дино да пее за Нова година во Скопје.