Бившиот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев упати порака по повод празникот Прочка и побара од граѓаните да ги совлдаат суетата и празното самозадоволство и да си пружат рака за помирување како одлика на чесни луѓе.
Заев побара прошка од народот на денот на големиот христијански празник.
– Простувањето и помирувањето се одлики на големи народи. Денеска е Прочка и ден за простување, но тој чин нема да ја добие суштината ако претходно нема покајание. Простувањето ќе остане празен збор, ако од лагата се прави поголема лага. Ако продавате кули од лаги и магла. Прочка е празник на простувањето, но простувањето не значи да се заборави, порача Заев.
Како што е познато, народот ако проштева на Заев треба даму прости многу лажни ветувања за плата од 500 евра, за нечепкање во Уставот, за двојазичноста, за смената на името на Република Македонија итн.