Демократката Кеиша Ланс Ботомс победи во трката за гувернер на Џорџија, со што стана првата црна жена избрана на чело на некоја американска сојузна држава.

Поранешната градоначалничка на Атланта, која воедно е и првата жена гувернер на Џорџија, го совлада републиканскиот претприемач Рик Џексон, покажуваат проекциите на американските медиуми.

На челото на оваа сојузна држава таа ќе го наследи републиканскиот гувернер Брајан Кемп, кој си заминува од функцијата по два последователни мандати.

Победата на Ланс Ботомс воедно претставува значаен политички пресврт во оваа сојузна држава, која порано важеше за традиционално републиканско упориште. Републиканците ја држеа гувернерската функција во Џорџија повеќе од две децении.

Соединетите Американски Држави на вчерашните избори го избраа и првиот хомосексуалец член на Сенатот – Крис Папас, демократот кој извојува победа во Њу Хемпшир.

Доколку се остварат предвидувањата за победа во сенаторската трка во Мичиген на Абдул Ел-Сајед, САД ќе го добијат и првиот муслиман во горниот дом на Конгресот.

Демократот Абдул Ел-Сајед победи во трката за Сенатот на САД во клучната сојузна држава Мичиган, со што стана првиот муслиман избран во овој дом, според проекциите на американските телевизиски мрежи.

Прогресивниот демократ го совлада републиканецот Мајк Роџерс во тесна и неизвесна трка, со што ѝ помогна на својата партија да ја врати контролата врз Сенатот.

Неговата победа доаѓа во момент кога демократите исто така ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом од Републиканците на претседателот Доналд Трамп, освојувајќи повеќе пратенички места на меѓуизборите.

Победата на 42-годишниот политичар претставува историски успех за Сенатот на САД, каде што тој ќе стане првиот член од муслиманска вероисповед кога официјално ќе ја преземе функцијата во јануари.