Испосникот Филарет од Каруља не носел чевли. Поради тоа, табаните му се стврднале, така што наликувале на оклоп од желка.

Каде што ќе најдеше малку земја на сртовите, ќе засадеше растение. Одгледуваше компири, глуварчиња, зелка, зелена салата.

Овој зеленчук му служел како храна, а го делел и на другите браќа како милостина.

Неговиот дрвен кревет секогаш бил наместен, бидејќи тој најмногу спиел на подот. Тоа било утврдено дури по неговата смрт, бидејќи под креветот било пронајдено парче дрво, кое наместо перница го користел при кратки периоди на спиење. Бидејќи како цивил бил поручник, подвижникот од Каруља, Филарет, ја напуштил светска слава, достоинство и суета за да спие на земја на Света Гора дваесет години.

Се разликувал не само по добрината и сладоста на зборовите, туку и по подвигот и доброволната сиромаштија.

Се упокоил во истата мантија во која ги прими монашките завети. Тие алишта биле закрпени толку пати што оригиналната ткаенина веќе не ни постоеше. Кон крајот на својот живот, подвижникот од Карула, старецот Филарет, го поканил својот сосед и соподвижник Гаврил да дојде и да донесе копач и лопата.

„Брате, мојот крај е близу. Треба да се подготвам за патувањето. Заради твојата љубов, да одиме малку подалеку од мојата каливија“.

Тој се поткренал со голем напор. Кога стигнале на место меѓу карпите каде што имало малку земја, старецот Филарет легнал:

„Ова ќе биде мојот гроб, измери го и ископај го да биде готов.

Отец Гаврило почнал да копа. Отприлика по една седмица, пустиникот Филарет, си замина од овој привремен свет.

Старецот Филарет се упокои на денешен ден во 1960 година.