Премиерот Димитар Ковачевски ги зголеми инфлацијата и криминалот, но не заборави да си ја зголеми и платата, се вели во денешнатареакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение од опозициската партија:
Македонија со Ковачевски имаше најголема стапка на инфлација во регионот и во врвот на Европа, скоро 20% инфлација ги стопи примањата на граѓаните во последната година.
Откако е СДС на власт стандардот на граѓаните е во континуиран пад, тоа што претходно можело да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари.
Залудни се сите фалби за некакво зголемување на плати, кога во реалноста куповната моќ опаѓа.
Единствено што има пораст е криминалот, тендерите и платите на функционерите.
Ковачевски додека замрзнува цени на макарони, и залажува со квази мерки на мала врата ќе си ја зголеми платата за 78%, како за него, така и за неговите министри и функционери.
Потребни се коренити промени. Со Ковачевски на власт, народот ќе страда, а функционерите ќе се богатат.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ